Здраво, денес ќе научите како да креирате ваша Shopify eCommerce продавница за помалку од 30 минути. Една од најголемите заблуди е дека креирањето на вакви проекти и нивно одржување предстатвува многу тешка работа, напротив со Shopify и слични алтернативи кој постојат денес на макретот отварањето на ваша eCommerce продавница никогаш не било полесно. Главниот фокус се прфла на вашите методи на маркетинг со кој што ќе генерирате поток на постојани конзумери на вашите продукти од избранато niche.
Чекор 1
Бирање на име за вашата eCommerce продавница/store
Бирањето на име секогаш представува еден од најосновните чекори кон креирање и финиширање на вашиот проект. Иако тука вашата креативност може да дојде до сјај внимавајте да не изгубите премногу време мислејќи и трудејќи да најдете нешто перфкетно. При бирање би ви препорачал да пребарате на интернет дали вашето име е веќе регистрирано на некој domain или па е под заштитна марка.
Доколку многу се двоумите Shopify ви нуди нивни генератор за бизнис име кој може да го користите слободно и да проверите инстантно дали некој од имињата и нивните вебстрани ги користи некој или се слободни за продажба.
Чекор 2
Креирање на вашата Shopify сметка/account
За да го започнете вашиот проект,прво отидете на Shopify тука регистрирајте се за вашата сметка/account и во исто време може да разгледате се што ви нуди Shopify со нивниот 2 неделен тест период.
Одкога ќе ги пополните вашите детали стиснете на големото зелено копче каде што пишува; Create your store now.
Запомнете дека името на вашата eCommerce продавница/store треба да биде уникатна или Shopify ќе ве замоли да одберете некоја друга алтернатива. Shopify исто ке ве замоли да додадете повеќе детали за вашиот профил за да може да се изврши негово комплетирање и активирање. Ќе бидете прашани дали имате продукти или што сакате да продавате но одберете ги опциите "I'm just playing around" во Do you have products менито и "I'm not sure" во What will you sell менито.
После се ова вашата продавница/store ќе биде креирана и Shopify ќе ве извести на вашиот маил дека таа е готова и кое е нејзиното име. Следниот чекор кој ви останува е да се логирате и да почнете да ја преуредувате вашата продавница/store по ваша желба и замисла.
Чекор 3
Уредување на вашата eCommerce продавница/store
Уредувањето на вашата продавница/store може да започне со тоа што може да разгледате од големиот избор над 100+ теми за изглед на вашата продавница и дури имате способност и нив да ги уредувате по ваша желба.
Одкога ќе изберете тема стиснете на нејзината слика и ќе добиете повеќе информации за нејзе и што ви нуди таа, исто така може тука да ги најдете и нејзините рецензии. Доколку кликнете на View Demo можете комплетно да ја опипате функционалноста на темата која сте ја селектрирале или да ги погледнете измените што ги имате направено врз неа.
Чекор 4
Бирање на продукти за вашата eCommerce продавница/store
Традицоналните модели за eCommerce продавница/store функционираат на принципот прво мора да купите стотици продукти,па да чекате тие да ви пристигнат,да најдете складиште за нив и кога неќој конзумер ке направи нарачка неговиот продукт да му го испорачате. Се надевам уште од почетокот може да ги здогледате додатните трошоци кои се акумулираат кој би ви го намалиле профитот.
Модерниот алтернатив модел наречен Drop-shipping се фокусира на тоа што дека главната цел на целиот овој процес е да се направат што поголем број на зделки, со тоа што не сте приморани да држити инвентар ниту туку да се замарате со испорачките и останатите проблеми. Вашата главна едниствена цел е продажбата!
Со овој модел едноставно ставате продукти на вашата eCommerce продавница/store што мислите дека ке ги продавате и кога ќе се изврши зделка вие само му ја плаќате оргиналната сума кој е одредена према вас на снабдувачот и му ги доставувате информациите каде он да го испрати продуктот и на кој начин.
Најефективниот и најлесниот начин за да започнете е да се поврзете со drop-shipping снабдувачи а тоа можете да го направите преку алатки и апликации кој ви ги нуди Shopify преку кој може да се поврзете со online маркети како Aliexpress,Amazon,Ebay итн.
Од кога ќе изберете продукт ви преостанува да ги пополните преостанатите детали за него како име, опис, дали е брендиран објект, од која снабдувач ви е, цена и итн. Не заборавајте при процесот да ги зачувате продуктите кој ги имате избрано.
Доколку ја инсталрирате Oberlo (кликнете на името) апликацијата директно можете во истиот момент да почнете да разгледувате продукти кој би сакале да се најдат во вашата eCommerce продавница/store. Кога ќе завршите со бирање на продукитите што ви се допаѓаат пронајдете ја опцијата Collections во Admin Dashboard и тука можете слободно да ги категорирате во свој секции.
Еве и видео запис кој ќе ви покаже чекор по чекор како да ја креирате вашата eCommerce продавница/store.















